Кристијан Ериксен после ситуацијата на Европското првенство минатото лето беше приморан да го напушти Интер.
Данецот не можеше да остане помеѓу „нероаѕурите“ затоа што Серија А не дозволува играње професионален фудбал со вграден дефибрилатор кој на Ериксен мораше да му биде вграден за нормално да функционира.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ерискен веќе некое време тренира и е подготвен да се врати на фудбалот. Се поврзуваше со неколку клубови, а сега како најсериозен се покажува премиерлигашот Брентфорд. Според информациите на „Атлетик“ Брентфорд на Ериксен му понудил договор до крајот на сезоната со опција истиот да биде продолжен.
Се наведува дека засега се водат преговори, но истите одат во добра насока.