Италијанските медиуми тврдат дека Кристиан Ериксен во јануари најверојатно ќе го напушти Интер.
Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данецот беше блиску до напуштање на Интер во летниот преоден рок, но сепак остана во Милано. Меѓутоа, работите не се променија, па сега и „нероаѕрите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.
Медиумите на Островот тврдат дека на големо изненадување Ериксен би можел да се врати во Тотенхем во јануари.
Раководството на „спарси“ е во контакт со агентот на Данецот, а самиот фудбалер е отворен за враќање во лондонскиот клуб.
Tottenham’s interest in Christian Eriksen is genuine and there is a ‘small possibility’ that the Dane returns to north London on loan, 🖊 pic.twitter.com/mahxcLoq47
— Jules Bevis COYS updates 🖊 (@julesbevis) January 8, 2021