Дома Фудбал Англија Ериксен го одби Манчестер Јунајтед

Ериксен го одби Манчестер Јунајтед

На Кристијан Ериксен му истекува договорот со Брентфорд и ќе биде слободен агент, а неколку клубови од Премиер лигата се заинтерсирани за неговиот потпси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите на Островот пренесуваат дека Ериксен ја одби понудата на Манчестер Јунајтед, иако Тен Хаг сакаше да го доведе на „Олд Трафорд“.

Јунајтед го контактираше Ериксен и беше спремен да испрати конкретна понуда, но Данецот ги одбил „црвените ѓаволи“ а главната причина за тоа е што сака да остане во Лондон, каде што се чувствува добро.

Така, за Ериксен остануваат две опции за продолжување на кариерата. Една од опциите е да потпише нов договор со Брентфорд, а другата опција за него е да се врати во Тотенхем, кој исто така покажува интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …