Доминик Тим е новиот владетел на УС Опен откако со пресврт успеа да го победи Александер Зверев со 3:2 во сетови. Беше 1:6, 4:6, 6:4, 6:3, 7:6 и со тоа Австриецот стигна до својот прв Гренд Слем.
Зверев тргна кон првото освојување на Гренд Слем, имаше 2:0 во сетови, направи брејк во третиот сет, но следуваше пад во играта на Германецот и Тим на крајот се радуваше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Австриецот во четвртиот гејм на третиот сет направи брејк, а истото го направи и во десетиот за 6:4 и го намали резулатот. После тоа тргна големиот пресврт.
Во четвртиот сет и двајцата тенисери беа сигурни на своите сервиси, а клучниот брејк Тим го направи во осмиот гејм, зголеми на 5:3 и во следниот го потврди својот сервис за 2:2 во сетови.
Одлучувачкиот сет беше драматичен. Започна со брејкови на двете страни. Зверев повторно му го зема сервисот на Тим и зголеми на 5:3, но Австриецот со два брејка се врати и поведе со 6:5, a потоа Александер израмни.
Победникот беше одлучен со тај-брејк во кој подобар беше Тим. Во 13. гејм беше 8:6 за Австриецот кој стана првиот тенисер во историјата кој од 0:2 во сетови успеал да се врати и да освои Гренд Слем.
It’s Dominic Thiem’s moment.
— US Open Tennis (@usopen) September 14, 2020
The point that made him a Grand Slam champion ? pic.twitter.com/uYMplH3TF7