Саботното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер не помина без инциденти, а тензија имаше и на теренот.
Во финишот од натпреварот најбурен во реакциите беше Стојанче Стоилов кој заработи и црвен картон. За овој црвен картон и реакциите Стоилов ќе биде казнет со еден натпревар суспензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр.21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од 1 натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ“, стои во билетенот на РФМ
Освен Стоилов казна заработи и тимот на Вардар кој е казнет со 60.000 денари поради слаба организаицја.
Фото: РК Еурофарм Пелистер