Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике би можел да се врати на тренерската работа.
Интерес за шпанскиот стратег покажува екипата на Челзи, која веќе бара замена за Антонио Конте, кој најверојатно ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Енрике минатото лето одлучи да се повлече и да се одмори од тренерската работа. Сепак, би можел да се врати уште во јули, а понуда наводно испратил актуелниот англиски шампион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај шпанскиот тренер, сопственикот на „Сините“, Роман Абрамовиќ бара и нов спортски директор. Работа му понудил на поранешниот фудбалер на својот тим, Жулијано Белети, кој во моментов работи како амбасадор во Барселона. Луис Енрике за сега е прв кандидат за клупата на Челзи. Понудата на тимот од „Стемфорд Бриџ“ сигурно ќе биде голема и ќе биде тешко да се одбие.