Дома Фудбал Репрезентации Енрике пред натпреварот со Хрватска откри кој фудбалер го смета за најдобар во светот

Енрике пред натпреварот со Хрватска откри кој фудбалер го смета за најдобар во светот

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике со победа од 2:1 на „Вембли“ против Англија дебитираше на клупата на „Фуријата“, а утре го очекува натпревар против Хрватска.

Пред натпреварот Енрике на конференцијата за медиуми ја коментираше играта на Хрватска и настапот на избраниците на Златко Далиќ, но и откри кој фудбалер го смета за најдобар во светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ако зборуваме за Хрватска, тогаш ќе зборувам за Модриќ и Ракитиќ, но ако мораме да зборуваме за тоа кој е најдобар во светот, тоа е Лионел Меси. Очекував Хрватска да игра добро на Мундијалот, имаат навистина квалитетни играчи. Нивна силна страна е што напаѓаат и се бранат како тим“.

Потоа тој додаде и дека му одговара еуфоријата која се создаде поради победата над Англија.

„Најдобро што можеме да направиме е да донесеме радост на оваа земја, Ние сме професионалци и мораме да се припремиме на најдобар начин за овој тежок натпревар“, изјави Енрике.

Натпреварот помеѓу Шпанија и Хрватска се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…