Дома Фудбал Италија Емре Џан: Многу сум благодарен на Јувентус, докторите таму ми открија тумор

Емре Џан: Многу сум благодарен на Јувентус, докторите таму ми открија тумор

Во време кога Јувентус се поврзува со разни скандали голема благодарност до овој клуб изрази поранешниот фудбалер на „старата дама“ Емре Џан.

Џан имаше кратка епиозда во Торино, но овој трансфер за него вредел посебно затоа што докторите во Јувентус му откриле тумор на тироидната жлезда.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имал среќа фудбалерот се да биде откриено во раната фаза и добро се завршило.

„По направените прегледи докторите ме повикаа. Не знаев за што станува збор, не знаев ниту што е тироидна жлезда, ниту пак дека можеби имам тумор…Трансферот во Јувентус  вредеше само за ова.

Имав рак на тироидната жлезда и морав веднаш да се оперирам. Ова ми го промени животот, можете да имате многу пари, но здравјето секогаш е најважно. Навистина многу сум им благодарен на докторите во Јувентус“, изјави Џан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…