Легендарниот поранешен голман на Фенербахче и турската репрезентација, а денес тренер на Хатајаспор, Волкан Демирал се огласи прек Инстаграм и побара помош за граѓаните погодени од силните земјотреси на југот на Турција и северот на Сирија.
Демирал во моментот на земјотресот бил во Хатаја, град на самиот југ на Турција и граница со Сирија каде што епицентарот бил најблиску.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веќе се бројат стотина лица кои ги загубија животите, а материјалната штета е огромна.
„Сите се очајни, тука. Ве молам ситуацијата е многу лоша. Потребна е помош, Боже помогни. Помош! Испратете се што можете. Не е само Хатај и Антакја.
Ве молам во име на Бог, тука луѓе yмираат“, зборуваше низ солзи еден од најпознатите турски фудбалери.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v