Дома Фудбал Англија Емери тврди: Уморен сум од шпекуалции, имаме одлични односи со Озил!

Емери тврди: Уморен сум од шпекуалции, имаме одлични односи со Озил!

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери категорично ги демантираше наводите на медиумите дека е во лоши односи со првата ѕвезда во тимот, Месут Озил.

Германецот не беше во тимот при победата над Вест Хем, а потоа се појавија шпекуалции дека не е задоволен од позицијата на која е поставен од новит тренер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И самиот Емери го критикуваше на пресконференција дека мора да игра онаму каде што ќе каже тој, а сега тврди дека е во добри односи со Озил.

„Уморен од постојано коментирање на некои шпекулации. Моите односи со Месут се многу добри, а во мојата професионална кариера, мојата цел е да го натерам секој да се подобри и да го извлечам најдоброто од него“, изјави Емери.

„Можеби за прв пат тој е во поинаква положба. Озил не беше со националниот тим и за време на тренингот видов дека е среќен и секојдневно работеше внимателно. Максимално е фокусиран и тренира навистина силно“, додаде шпанскиот стратег.

Изминатите денови медиумите на Островот дури пишуваа дека Озил сака да го напушти Арсенал, но тешко дека ќе најде клуб кој е спремен да му дава толку висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…