Веќе неколку дена медиумите на Островот шпекулираат за конфликт помеѓу тренерот на Арсенал Унаи Емери и првата ѕвезда Месут Озил.
Емери конечно проговори за случајот и индиректно потврди дека има недоразбирање помеѓу него и Месут Озил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој ќе игра на позиција што ни треба и каде ќе биде подобар за тимот. Разговарав со Месут, знам дека може да игра на десната страна или како број 10. Кога играше за Реал, се сеќавам дека многу натпревари играше на десна страна”, изјави Емери.
„Тој ќе игра каде што ќе кажам, а не каде што тој сака. Сакам сите да можат да бидат корисни во повеќе позиции во зависност од деталите и противниците. Сакам голем пресинг и затоа ние потребна вистинската комбинација. Сите ние треба да имаме амбиција и желба да се подобриме и ова е мојата порака за секого“, додаде шпанскиот стратег.
Озил непоредно пред натпреварот со Вест Хем отпадна од комбинација, а клубот неговото отсуство го оправда со болест.