Дома Фудбал Англија Емери се закани: Ако го продадете него, јас заминувам!

Емери се закани: Ако го продадете него, јас заминувам!

Пјер Емерик Обамејанг е еден од најважните фудбалери на Арсенал, па тренерот на „топчиите“, Унаи Емери не може да го замисли тимот без Африканецот.

Кога се појавија шпекулации дека Манчестер јунајтед ќе понуди 70 милиони фунти за Обамејанг, Емери веднаш му се закани на раководството.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ако замине Обамејанг, ќе го напуштам клубот“, наводно порачал Емери.

Се верува дека и навивачите на Арсенал нема да го прифатат таквиот потег, зашто не сакаат да се повторуваат грешки од минатото, па нивни врвни фудбалери да се селат во големи ривали.

Арсенал имаше разочарувачка сезона во која не освои ниту еден трофеј, а не обезбеди ниту ни место во Топ 4.

Најголемиот проблеме што раководството обезбеди мал буџет за трансфер пазарот, па мора да биде продадена една ѕвезда за да се финансираат новите засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лопетеги може да се врати во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата. Имено, Вест…