Фудбалерите на Арсенал во синоќешното финале на ЛЕ одиграно во Баку беа поразен од Челси со 4:1.
Топџиите против градскиот ривал не се покажаа во најдобро светло и крајот загубија, а со овој пораз Арсенал воедно ја испушти и последната шанса следната сезона да игра во ЛШ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нормално, разочарувањето беше присутно и кај тренерот Унаи Емери.
„Можеби нас ќе не погоди фактот што нема да играме во ЛШ, тоа може да ни ги отежни работите во преодниот рок, но ние секако сме голем клуб. За тоа мора да бидат свесни и играчите.“ – изјави Емери и додаде:
„Знаевме дека ќе биде тешко, дека сме во процес на промени…Главната цел не успеавме да ја оствариме, но мислам дека бевме блиску со играњето во ова финале. Следната година ќе биде голем предизвик да направиме чекор напред. Разочарување секако постои…“
Кога се во прашање евентуалните трансфери, на таа тема конкретно ништ не можеше да каже. Истакна дека во клубот максимално работат да бидат подобри од година во година и дека за тоа имаат се што е потребно.
Единствениот погодок синоќа за Арсенал го постигна Ивоби, додека за Челси погодија Жиру, Педро и два пати Азар.