Дома Трансфер зона Емери пронајде решение: Арсенал го доведува дефанзивецот на Барселона?

Емери пронајде решение: Арсенал го доведува дефанзивецот на Барселона?

Она што секој навивач на Арсенал би го рекол е тоа што главен проблем во екипата е одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Свесен за тоа е и Унаи Емери, па на управата им ги пренел своите очекувања дека во стоперската линија треба да пристигнат засилувања од светски калибар. Едно од нив би можело да биде и фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити, тврдат медиумите на Островот.

Французинот оваа сезона го загуби своето место во првиот состав, Валверде често ги користи Пике и Ленгл, а доколку навистина дојде и Матијас де Лихт тоа би значело крај на кариерата на „Камп Ноу“ за Французинот.

„Умтити е многу добар играч, сакам да имам фудбалери од Франција, бидејќи се многу квалитетни, ги тренирав често во своите претходни клубови“, изјави Емери.

Проблем би можело да претставува цената, 25-годишниот играч е проценет на 70 милиони евра што не е малку со оглед на тоа што „Топчиите“ имаат нешто поскромен буџет за претстојното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…