Дома Фудбал Англија Емери откри како учи англиски јазик и ги насмеа сите!

Емери откри како учи англиски јазик и ги насмеа сите!

Шпанскиот стратег Унаи Емери ова лето седна на кормилото на Арсенал, каде го наследи легендарниот Арсен Венгер кој цели 23 години ги водеше „топџиите“.

За Емери ова е прва работа на Островот и Шпанецот призна дека се плашел дека јазикот ќе му биде голема пречка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Шпанецот откри дека добро напредува со учењето на англиски јазик и тоа благодарение на гледањето серии.

„Се плашев дека јазикот ќе биде пречка, но за среќа не е така. Немојте да ми се смеете, но верувајте ми дека гледам многу серии и така најдобро го учам англискиот јазик“.

„Најмногу следам „Peaky Blinders“ и така најдобро го учам новиот јазик. Серијата е навистина добра, но тешка поради акцентот. Сепак, добро ми оди“, истакна Емери.

Емери имаше лош старт на сезоната, но тимот ја подигна формата, па после 13 одиграни кола, лондонскиот клуб на своето конто има 27 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…