Фудбалерите на Арсенал вчера повторно ги разочараа своите навивачи со поразот на гости кај Шефилд.
„Топџиите“ беа големи фаворити, но вчера уште еднаш прикажаа навистина лош настап и заслужено изгубија. Одлучувачкиот момент се случи во 30-тата минута кога киксираше одбраната одбраната на Арсенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Арсенал во продолжение од натпреварот имаше иницијатива и посед на топка, но играчите на овој тим изгледаа тотално безидејно. И кога успеваа да дојдат до голот противникот не можеа сериозно да се заканат.
Големи критики после поразот доби тренерот на овој тим Унаи Емери кој повторно експериментираше со почетниот состав. Но, како што е вообичаено шпанскиот стратег мисли дека неговиот тим одиграл добар натпревар и дека не заслужиле да изгубат.
Емери смета и дека неговиот тим требало да добие пенал.
„Со ВАР кој сега го имаме прекршокот над Сократис мораше да се прегледа. Тоа беше чист прекршок и пенал. Не заслуживме да изгубиме и мислам дека можеме многу да ја подобриме нашата игра“, изјави Емери после натпреварот.