Дома Фудбал Англија Емери испрати јасна порака до Озил

Емери испрати јасна порака до Озил

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери му порача на плејмејкерот Месут Озил дека мора да покаже постојаност за да го врати својот првотимски статус.

Емери го остави Озил надвор од составот на неколку пати поради „тактички причини“ оваа сезона, но јасно е дека не е задоволен од однесувањето на Германецот за време на тренинзите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот плејмејкер има одиграни само четири натпревари за Арсенал од мечот со Вулверхемптон во ноември, но може да се врати меѓу стартерите во реваншот против БАТЕ Борисов од шеснаесетфиналето на Лига Европа.

„Клучот е во неговите раце. Тој тренираше напорно оваа недела и го замолив да биде постојан, да биде достапен во тренинг процесот. Кога тренираш со квалитет и постојаност, може да помогнеш на тимот на најдобар можен начин во натпреварите“.

„Начинот на кој сега тој изгледа е добар за сите останати во тимот, предвид исклучително важниот период од сезоната, во кој влегуваме. Ако тоа е така, сметам дека може да видиме најдобар Месут на теренот“, изјави шпанскиот стратег.

Арсенал загуби со 0:1 на гостувањето кај БАТЕ Борисов во Белорусија, а во реваншот на „Емирати“ ќе биде без Александар Лаказет, кој доби директен црвен картон при крајот на првиот меч. Добра вест за „топџиите“ е што Арон Рамзи се опорави од повредата и ќе може да игра од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …