Дома Фудбал Емери го одби Њукасл

Емери го одби Њукасл

Шпанскиот стратег Унаи Емери ќе ја одбие понудата од Њукасл и ќе остане во Виљареал.

Ова го потврдија шпанските медиуми, иако Емери вчера призна дека имал понуда од премиерлигашот.

„Марка“ тврди дека синоќа во еден часот по полноќ, Емери имал искрен разговор со претседателот на Вилјареал, Фернандо Роиг и тој побарал од него да остане во шпанскиот клуб по секоја цена.

Тренерот има откупна клаузула во својот договор, но е спремен да ја одбие понудата од Њукасл и да остане во Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…