Дома Трансфер зона Емери веќе избира засилувања: Го сака напаѓачот од Серија А кој има клазула од 30 милиони евра!

Емери веќе избира засилувања: Го сака напаѓачот од Серија А кој има клазула од 30 милиони евра!

emery

Со доаѓањето на Унаи Емери на клупата на Арсенал секако се очекуваат и промени, а во текот на летото се очекува да освежување и промени во играчкиот кадар.

Според последните информации кои пристигнуваат од Апенините и тоа не од било кој тука од експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио Арсенал го сака Лорецо Пелегрини од Рома.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога за нешто пишуваат „Скај Спорт“ и Џанлука Ди Марцио во тоа многу веројатно има и вистина.

Пелегрини полни 22 години следниот месец, а од 2015 до 2017 години настапуваше за Сасуоло. Оваа сезона го носеше дресот на Рома и на 37 натпревари постигна три погодоци и забележа пет асистенции.

Во својот договор Пелегрини има откупна клазула од 30 милиони евра, но клубот од Лондон ќе се обиде да преговара околу оштетата. Доколку сепак не успеат да се договрат како негова алтернатива и план „Б“ за Арсенал се споменува Денис Прат од Сампдорија.

Треба да се истакне и дека овие двајца фудбалери од претходно се на радарот и на Јувентус, а Пелегрини има важечки договор со Рома до 30 јуни 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…