Дома Трансфер зона „Ел Чирингуито“: ПСЖ го контактирал Зидан!

„Ел Чирингуито“: ПСЖ го контактирал Зидан!

Низ странските медиуми се појави интересна вест – ПСЖ го контактирал Зинедин Зидан!?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во етерот на шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ прво се појави веста дека ПСЖ на неколку пати го контактирал Зидан за да го убеди да се пресели во Париз. Набрзо потоа веста беше пренесена и од останатите познати медиуми.

Нема информации за тоа дали преговорите се стопирани, завршени или пак се уште се во тек.

Зидан оваа сезона не блеска на клупата на Реал Мадрид, а ситуацијата барем до некаде ја подобри со победата во „Ел Класико“. ПСЖ пак од друга страна не е задоволен од тоа како работи Томас Тухел кој наводно неодамна имал несогласувања со директорот Леонардо.

Времето ќе покаже дали има нешто сериозно или пак се работи само за медиумска шпекулација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…