Првото „Ел Класико“ оваа сезона беше одложен поради протестите во Барселона, но изгледа и новиот термин 18. декември стана проблематичен.
Би можело да се случи „Ел Класико“ да се игра на неутрален терен. Натпреварот беше одложен поради протестите во Барселона и поради истата причина би можело да биде променето местото на одигрување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, групата која се залага за независност на Каталонија и која е водена од непознати лица организира голем собир преку друштвените мрежи пред стадионот на Барселона 18. Декември во 16:00 часот по локално време.
Тоа би можело да го загрози одигрувањето на дербито, но фудбалскиот сојуз на Шпанија има можност да го префрли дуелот на неутрален терен доколку во договор со полицијата утврди дека има ризик од страна на навивачите.
Членот 42.3 од законот на ФС Шпанија вели: Сојузот може да го откаже или одложи натпреварот за нов датум, ако ситуацијата тоа го бара може натпреварот да биде одигран и на неутрален терен.
За ова да се случи треба Барселона и локалната полиција да бидат убедени дека постои голем ризик од нереди.