Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за потписот на шпанскиот интернационалец Дани Олмо, кој во моментив игра во Динамо Загреб.
Олмо е продукт на школата на Барселона, каде помина цели седум години, а потоа ја напушти „Ла Масија“ и се пресели во Динамо Загреб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
20-годишниот крилен напаѓач игра во Загреб од 2014 година и веќе две сезони е најдобар играч во хрватското првенство.
Интерес за Олмо покажува и Милан, но негов приоритет е да се врати во Шпанија. Барселона сака да го врати во своите редови, но во трката за потписот сега се приклучи и Реал Мадрид.
Barcelona and Real Madrid are competing for the signing of former La Masia player Dani Olmo. The two Spanish giants both want to land the winger. [l'equipe] pic.twitter.com/P3nIiwGC9b
— Barça Centre (@barcacentre) January 29, 2019
Динамо Загреб за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат.
Олмо оваа сезона одигра 26 меча за Динамо Загреб на кои постигна 4 гола и запиша 7 асистенции.