Дома Топ вести „Ел Класико“ за потписот на Фабиан Руиз

„Ел Класико“ за потписот на Фабиан Руиз

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради финансиски проблеми Наполи е спремен да ги разгледа понудите за Фабиан Руиз, а најсилен интерес покажуваат шпанските гиганти.

Анчелоти одлично го познава Шпанецот бидејќи тој го донесе во Наполи и сака повторно да соработува со него на „Сантиаго Бернабеу“.

Барселона исто така е во потрага по квалитетен играч за врска откао пропадна трансферот на Вајналдум и во Фабиан Руиз гледа идеално засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …