Дома Топ вести „Ел Класико“ за капитенот на Милан

„Ел Класико“ за капитенот на Милан

Барселона и Реал Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми тврдат дека на врвот на листата желби е капитенот на Милам, Алесио Ромањоли.

Ромањоли во дресот на Милан се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец има договор со Милан до 2022 година, но е разочаран моменталната ситуацијата и јавно призна дека сака да игра во Лигата на шампиони.

Барселона и Реал Мадрид следното лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и се спремни да понудат помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Милан изминатите години ги одбиваше сите понуди за Ромањоли и ќе направи се за да го задржи на „Сан Сиро“, но останува да видиме дали ќе одолее на „нападите“ од шпанските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …