Дома Топ вести Ел Класико за дефанзивецот на Баерн Минхен

Ел Класико за дефанзивецот на Баерн Минхен

Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Барселона.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Шпанските гиганти будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.

Реал Мадрид бара освежување во одбраната на екипата затоа што Дани Карвахал и Лукас Васкез имаат над 30 години, а Алваро Одриозола наскоро ќе си замине.

Барселона не е задоволна од Белерин и бара нов десен бек, а Павард е на врвот на листата желби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…