Дома Топ вести Елмас на мета на три европски гиганти!?

Елмас на мета на три европски гиганти!?

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас ова лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи, меѓутоа можеби во Неапол нема да за се задржи долго.

Елмас одлично напредува и минутите кои Анчелоти му ги дава во Наполи одлично ги користи, а пред неколку дена во Скопје на Словенија и даде два гола со тоа стигна до бројката од четири погодоци за Македонија во овие квалификации.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Добрите настапи на Елмас наводно биле причина за него интерес да покажат три европски гиганти – Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ!

Оваа информација прв ја објави италијански „Калчомеркато“, а потоа започна да се пренесува и од други разни медиуми.

Како што се наведува кога Реал е во прашање тие потенцираат дека Елмас може да биде одлична замена за Лука Модриќ кој повеќе не е на нивото на кое навивачите и клубот очекуваат, па би можел да биде продаден, а и да не биде на „кралевите“ им е потребно освежување.

Ако Елмас продолжи вака да игра сигурно дека ќе биде под будно око на европските гиганти кои се во потрага по засиливања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…