Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Огњен Врањеш одлучил да стави крај на кариерата на 35 години, пишуваат медиумите во Србија.
Врањеш е член на српски Чукарички во последната половина година, а сега донел изненадувачка одлука да стави крај на кариерата, која ја објави Блиц.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одлуката за завршување на кариерата Врањеш ја донел на необичен начин минатиот петок, пред натпреварот помеѓу Чукарички и Нови Пазар, а челниците на клубот останаа изненадени од неговата одлука.
Потсетуваме, Врањеш дојде во Чукаричка откако пропадна неговиот ангажман во Партизан бидејќи навивачите на црно-белиот тим се побунија против неговото доаѓање.
Претходно, Врањеш играше за турски Хатајспор, Аланија и Газиантеп, атински АЕК, белгиски Андерлехт, шпански Спортинг Хихон, руските Краснодар и Томск, молдавски Шериф, српски Напредак и Бањалука Борац, каде што ги направи првите фудбалски чекори.
Врањеш беше долгогодишен репрезентативец на Босна и Херцеговина, одигра 38 натпревари во националниот дрес, а својата репрезентативна кариера ја заврши во 2018 година.