Дома Македонски спорт Мак фудбал Екс-младински репрезентативец го засили Работнички!

Екс-младински репрезентативец го засили Работнички!

Работнички продолжува со реконструкција на играчкиот кадар за следната сезона. Ново засилување е Мевљан Мурати, дефанзивецот кој доаѓа од редовите на Шкендија.

Тој потпиша двегодишен договор со Работнички и треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот.

Мевљан Мурати е поранешен младински репрезентативец, член на „златната генерација“ на Македонија која во 2017 година учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

29-годишниот фудбалер игра на позицијата десен бек, но може да одговори адекватно и на левата странична позиција.

Мурати минатата сезона одигра 24 натпревари во дресот на Шкендија, од кои 18 првенствени и шест европски мечеви, со вкупна минутажа од 1825 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Струга го освои врвот, Положани спасот го гледа во паузата

Голот на Малески го реши дербито со Шкендија, а двајцата тренери различно го оценија натпр…