Дома Останати Екс-италијанскиот репрезентативец со потресна исповед: Зависник сум од дрога и алкохол, животот ми излегува од контрола…

Екс-италијанскиот репрезентативец со потресна исповед: Зависник сум од дрога и алкохол, животот ми излегува од контрола…

Поранешниот италијански фудбалер Пабло Даниел Освалдо (38) на Инстаграм со солзи зборуваше за својата психичка состојба и зависностите со кои се бори во овие моменти.

„Не ми оди добро, чувствувам потреба да кажам дека веќе некое време се борам со депресија, која ме доведе до некои зависности како алкохол и дрога. Очаен сум“, започна прославениот центарфор. на Јувентус, Рома и Интер и продолжи:


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Чувствувам дека животот ми излегува од контрола. Под психијатриско лекување сум, пијам лекови. Имам специфична болест, губење на самодовербата, депресија и многу пати потпаѓам под своја зависност. Запаѓам во самоуништување и живеам затворен. Не одам никаде, паднав во многу лоша зависност што само ја влоши мојата депресија“.

Се лекува, но како што вели во тешка ситуација е.

“Се лекувам на психијатрија, но тешко оди. Повторно запаѓам во зависност и се дистанцирам од луѓето што ги сакам. Порано бев врвен фудбалер, сосема друга личност , горда и самоуверена. Денес сум личност која не ја познавам. Многу е тешко да се каже што е реално, а што не. Не можам сам да излезам од тоа. Го сакам тоа, сакам да бидам човек како што бев, но не знам дали повторно ќе бидам тоа. Сега не знам како да излезам од оваа куќа, немам стабилна работа, ги потрошив сите пари. Отсекогаш сум бил добар пријател, се надевам дека ќе биде добар татко“.

Освалдо во кариерата играше за Хуракан, Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Еспањол, Рома, Саутемптон, Јувентус, Интер, Бока Јуниорс, Порто и Банфилд. Зад себе има и 14 настапи и четири гола за италијанската репрезентација. Кариерата ја заврши пред четири години во аргентински Банфилд. Во кариерата заработи околу 11 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…