Болоња оваа сезона ја изненади италијанската и светската фудбалска јавност.
Клубот од познатиот универзитетски град се бори за директен пласман во Лигата на шампионите. Моментално се шести со само три бода помалку од четвртото место. Секое завршување над деветтото место ќе биде најдобриот резултат на Болоња овој век, а за тоа најголема заслуга е тренерот Тиаго Мота.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот со италијанско државјанство го презеде тимот во 2022 година и минатата сезона го предводеше до споменатото деветто место, а сега е многу блиску да оди чекор понатаму. Болоња има шанса да се пласира на ЛШ, но сигурно е дека Мота веќе нема да биде на клупата следната сезона.
Договорот на поранешниот играч на Барселона, Интер и ПСЖ истекува ова лето, а поради добрите резултати го посакуваат многу големи имиња. Кориере дело Спорт пишува дека челниците на Милан во него гледаат наследник на Стефано Пиоли, кој веќе не е во состојба рамноправно да се бори со градскиот ривал Интер, а се споменува и како желба на Јувентус, иако спортскиот директор на Старата дама, Кристијано Џунтоли, ги отфрли тие тврдења и ги обвини новинарите за недостаток на почит кон Макс Алегри.