Дома Останати Тенис Експерт тврди: Ѓоковиќ губи поради семејни проблеми

Експерт тврди: Ѓоковиќ губи поради семејни проблеми

djokovic

Дека нешто не е во ред потврди и самиот Ѓоковиќ после поразот од Баутиста Агут.

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во раната фаза го заврши учеството на првите два Мастерси оваа сезона – Индијан Велс и Мајами.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѓоковиќ не личеше на себе ниту во Калифорнија, ниту во Флорида. На Индијан Велс изгуби од Филип Колшајбер, а потоа во Мајами од Баутиста Агут.

После овие резултати во јавноста се појави информација која можеби и покажува зошто Новак не беше целосно сконцентриран на тенисот. Зборуваше тенискиот експерт од Полска, Војчех Фибак во интервју за „Полска Тајмс“.

Интересно, тенискиот експерт Војчех Фибак изјави дека причина за лошите резултати на српскиот тенисер се приватни проблеми.

„Се зависи од вашиот ум. Проблемите на Новак не се исклучиво поврзани со спортски причини, туку со семејни проблеми. Така сметаат некои луѓе од неговото опкружување. Кога се ќе се собере некогаш Новак е толку многу вознемирен што не може да се натпреварува на нивото на кое сме навикнати да го гледаме“, изјави Фибак.

Дека нешто се случува надвор од теренот потврди Новак после испаѓањето во Мајами.

„Се случија многу работи надвор од теренот, изгледа дека тоа малку влијаеше на мене и играта на теренот. Од здраствен аспект исто така не се чуствував најдобро на последните два турнири“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…