Дома Фудбал Останато Една од поголемите грешки во фудбалот: Место Марез, го избрале денешниот напаѓач на Клуж

Една од поголемите грешки во фудбалот: Место Марез, го избрале денешниот напаѓач на Клуж

Погодените трансфери и промашувања се составен дел од фудбалот. Кога сите би ги погодувале трансферите тогаш би било досадно, низ минатото постојат многу приказни за лошите проценки, а една таква е поврзана за Ријад Марез.

Денешниот офанзивец на Манчестер Сити некогаш не бил доволно добар за Олимпик Марсеј. Во тоа време Марез доживеал удар затоа што тоа бил клубот за кој навивал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марез имал само 18 години и бил член на нисколигашот Кимпе кога Марсеј го повикал на проба.

„Отидов на проба во Марсеј бев пресреќен затоа што тоа е клубот за кој навивам. Го сакав и ПСЖ затоа што Париз е мој град, но Марсеј е нешто посебно, многу сакав да заиграм таму. Дојдов таму ,тренирав и се сеќавам дека тренер беше Франк Паси. Тогашниот спортски директор Жозе Аниго дојде на терен и после тренингот ме викна во неговата канцеларија и ми кажа: Искрено, сакам да потпишеш договор. Во мојата глава тогаш започнаа да се вртат разни филмови…Имав само 18 години и бев на чекор од остварување на сонот“.

„Аниго ме праша како сум допатувал до Марсеј и му одговорив дека дојдов со воз. Веднаш побара клубот да ми се купи авионска карта за Париз. Ми даде и неколку дреса од Марсеј. Се вратив пресреќен во Париз со мислата: Тоа е тоа, само треба да потпишам“.

Сепак, тој потпис никогаш не се случил.

„Никогаш не дознав што точно се случи, но неколку дена подоцна Аниго го повика мојот менаџер и му кажа дека имаат играч со сличен квалитет, па ќе го форсираат него. Тој играч за кој се одлучија беше Билел Омрани, денес игра во Клуж“, раскажа Марез.

Патот Марез потоа го одведе до Авр каде што од „Б“ тимот дојде до првиот тим, а потоа на еден натпревар на францускиот второлигаш беше забележан од скаутот на Лестер. Лестер го купи Марез за 500.000 евра и направи полн погодок. Алжирецот долго време беше еден од нивните најдобри играчи и заедно испишаа историја со освојувањето на Премиер лигата, Сити за него плати 67.8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…