Дома Фудбал Еден фудбалер на Барселона посебно се израдува на отказот на Куман

Еден фудбалер на Барселона посебно се израдува на отказот на Куман

Холанѓанецот Роналд Куман пред неколку дена доби отказ од клупата на Барселона, откако каталонскиот гигант беше изненаден од Рајо Валјекано (0-1).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Претседателот Жоан Лапорта немаше повеќе ниту трпение, ниту време за Куман, па реши да го отпушти тренерот, а тоа израдува голем дел од фудбалерите.

Заминувањето на Куман ги израдува фудбалерите, како и навивачите. А меѓу играчите најсреќен е Рики Пуиг, кој беше отпишан кај Холанѓанецот.

Пуиг одби да оди на позајмица, иако Куман сакаше да го испрати, затоа што смета дека може да игра за првиот тим на Барселона, а најверојатно наскоро ќе добие шанса.

По вчерашниот тренинг фудбалерот застана да подели автограми, па еден од навивачите го праша дали е среќен што Куман доби отказ, а на тоа играчот одговори со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спиеше во автомобил пред тренинг, а сега вреди 140 милиони евра

Поранешниот тренер на ѕвездата на Баерн, Михаел Олесе (24), сподели интересна приказна за …