Од Фудбалската федерација на Македонина информираа дека на тренинг кампот кој го организираше селекторот Игор Ангеловски имало еден позитивен на Ковид-19.
Фудбалерот бил веднаш испратен во изолација, а останатите имале негативни тестови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Еден од повиканите фудбалери на тренинг кампот е позитивен на тестирањето за Ковид – 19. Мерките за заштита беа испочитувани, т.е. веднаш по теститањето сите од тимот беа во изолација додека не стигнаа резултатите. Сите други (фудбалери, стручен штаб и логистика) имаат негативни тестови“, стои во соопштението на ФФМ.
Тренинг кампот е организиран со цел да се види дали некој од повиканите фудбалери може да се вклучи во А селекцијата. Кампот започна вчера, а ќе трае до 17. февруари.