Дома Останати Тенис Еден од оние кои најмногу се радуваа на поразот на Ѓоковиќ беше Федерер

Еден од оние кои најмногу се радуваа на поразот на Ѓоковиќ беше Федерер

Тениските фанови и експерти сигурно уште долго ќе бидат под впечатоци на вчерашното феноменално финале помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во кое Шпанецот ја освои титулата.

Младиот Шпанец на 20 години игра фантастичен тенис на сите подлоги и ветува многу. Англиската новинарка Клер Болдинг која работи за „Би-Би-Си“ и со години го следи тенисот тврдеше во текот на мечот дека Федерер навивал за Алкараз. Секако, Швајцарецот имал и голема причина – да го задржи рекордот со осум титули на Вимблдон.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Засега Федерер не се огласил и не му честитал на својот помлад колега, за разлика од Рафаел Надал кој веднаш испрати честитка до својот сонародник.

„Ќе ви кажам кој сигурно многу навиваше за Алкараз – Роџер Федерер. Неговиот рекорд засега ќе остане недопрен…“, истакна новинарката.

Но, секако дека ако судиме според формата, Ѓоковиќ се уште не го кажал последниот збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…