Дома Фудбал Останато Еден од оние кои можеа многу повеќе: Арсенал му ја зголеми платата од 400 на 10.000 фунти и тука започнал неговиот пад!

Еден од оние кои можеа многу повеќе: Арсенал му ја зголеми платата од 400 на 10.000 фунти и тука започнал неговиот пад!

Данскиот напаѓач, Никлас Бендтнер (36) пред 15-тина година беше еден од најголемите светски фудбалски таленти. Играше за Арсенал кој го испрати на позајмица во Бирмингем за да се навикне на интезитетот на англискиот фудбал.

На Бендтнер тоа му одговараше и постигна 13 голови во сезоната и седум пати асистираше. На 20 години веќе беше спремен да заигра во најсилната лига во светот. Но, преголемите очекувања и брзиот пат до славата го спречија да го исполни својот потенцијал.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Сакаше Бендтнер луди забави и алкохоло, а по враќањето од позајмицата во Арсенал доби огромна плата – 10.000 евра неделно. Во Бирмингам заработуваше само 400 фунти.

„Кога работите се одвиваат така брзо како што се одвиваа во мојата кариера, мора да има некој до вас кој ќе ве држи во ред. Но, мене едноставно ме оставаа да правам што сакам. Никој не знаеше да ми каже „не“, никој не ме казнуваше затоа што не сум таму каде што треба да сум. Од друга страна јас сум таков човек кој сака да испробува нови работи“, раскажа Бендтнер.

Данецот во својата кариера покажа знаци на голем талент, меѓутоа остана впечатокот дека можеше многу повеќе од она што го оствари. За Арсенал на крајот постигна 47 голови на 171 натпревари. Играше уште за: Розенборг, Волфсбург, Нотингем Форест, Јувентус, Копенхаген…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…