Конор Мекгрегор вчера во Москва објави дека се враќа во октагон.
Ирската ММА звезда на 18-ти јануари во Лас Вегас влезе во октагон по пауза од година ипол, но името на противникот не сакаше да го открие.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се враќам на 18-ти јануари, а за противникот прашајте во УФЦ. Тоа ќе биде моја повратничка борба, го знам и противникот, но не можам да ви го кажам. Ако ви го кажам тие ќе го сменат бидејќи се такви“, изјави Конор.
Сепак американските медиуми објавија две имиња и тврдат дека еден од нив ќе биде противникот на Конор.
Познатиот новинар, Ариел Хелвани тврди дека најголем фаворит за борба со Конор е Доналд Колбој, а втор е Џастин Гетје.
Наскоро се ќе биде познато, се чека и официјална потврда од УФЦ.