Екипата на Њукасл наводно ќе испрати понуда за Калид Кулибали откако клубот ќе го превземе саудискиот принц Мохамед Бин Салман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во Англија веќе сите на Салман гледаат како на нов сопственик и очекуваат наскоро целата работа да биде и официјализирана. „Калчомеркато“ пишува дека една од првите инвестиции би требала да дојде од Италија.
Калид Кулибали е стопер за кого се интересираат голем број европски гиганти како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но наводно Њукасл со принцот ќе му понуди поголема плата и договор од 12 милиони евра по сезона. Кога е Наполи во прашање тие би можеле да го пуштат за оштета од 80 милиони евра.
Ова не е прв пат Кулибали да се поврзува со Њукасл, англискиот клуб сакаше да го доведе и во 2015 година, тогаш до трансферот не дојде затоа што им беше прескап. Судејќи според се сега ќе имаат повеќе од доволно пари.