Дома Трансфер зона Европските гиганти „полудеа“ по овој Мексиканец (видео)

Европските гиганти „полудеа“ по овој Мексиканец (видео)

Ирвинг Лозано минатото лето пристигна во ПСВ и веднаш блесна во холандското првенство каде постигна 17 гола и запиша 11 асистенции.

Потоа на Мундијалот, Мексиканецот повторно го покажа својот потенцијал и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лозано на стартот на новата сезона повторно е фантастичен, веќе постигна 4 гола и 2 асистенции, а на секој меч го следат скаути од најголемите европски клубови.

Барселона, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Атлетико Мадрид наводно веќе почнале да работат на негов ангажман.

„Црвените ѓаволи“ се најсилно заинтересирани и сакаат да го донесат уште во јануари, со оглед на фактот дека Мурињо е во потрага по крилен напаѓач.

Лозано има договор со ПСВ до 2023 година и неговата вредност во моментов изнесува 40 милиони евра, па останува да видиме кој ќе биде негов следен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…