По 11 победи по ред во есенскиот дел од сезоната 2017/2018 во СЕХА Газпром лигата, и како единствена екипа која сезонава нема пораз во Лигата на шампионите, актуелниот европски првак Вардар ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната во двете лиги.

Првиот тренингот го водеше тренерот Раул Гонзалес, кој во четврток со македонската репрезентација заминува во Хрватска, каде месецов се игра Европското првенство.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мора да бидам задоволен од првиот дел зашто имавме одлични резултати на сите натпревари, и во СЕХА Газпром лигата и во ЕХФ лигата на шампионите сме на прво место во групата и сега треба да продолжиме да играме како и досега, без притисок, без грешки и да освојуваме бодови. Во СЕХА Газпром лига мислам дека треба да се спремаме и за фајнл фор. Во Лигата на шампионите сме во многу добра позиција, имаме три бода предност на табелата пред Нант, но сега следат натпревари со Барселона и со Нант и треба да победиме во гости кај едните или другите. Од друга страна сега следи и Европското првенство и им посакувам на сите здравје, зашто тоа и на нас ни е многу важно. Мора целата екипа да биде во форма и да играме одлично и во осминафинале и во четврт финале во Лигата на шампнионите”,вели Гонзалес за официјалната страна од клубот.

Вардар ја заврши 2017 година без порази во Лигата на шампионите и во СЕХА Газпром лигата, а веќе на 2 февруари ги очекува гостување во Брест од СЕХА Газпром лигата, а на 10 февруари Вардар кај Барселона, и овој меч е дерби на неделата од првото коло во Лигата на шампионите во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…