Како што изгледа во овој момент, Европа добива ново големо ривалство на релација ПСЖ-Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неверојатни информации ни пристигнуваат од Франција, но тие се потврдени од агентот на фудбалерот Жан Мишел Сери, кој тврди дека ПСЖ бил спремен да го купи неговиот клиент за само да и наштети на Барселона.
ПСЖ и Барселона не се во најдобри односи после сапуницата со Нејмар, а целата работа ќе се решава на суд.
Барселона веројатно поминува низ најголемата криза во последната деценија, каталонците изгубија многу од своето реноме за краток период.
Каталонците во вторникот допатуваат во Ница на завршни преговори со Сери, но на крајот тие се откажаа од трансферот.
„Постоеше реална шанса Сери да премине во Барселона. Во вторникот тие допатуваа во Франција, но се откажаа поради технички причини, иако добро се запознаени со квалитетите на Сери, изјави агентот на фудбалерот, Френклин Мала кој додаде:
„ПСЖ оствари контакти со нас три дена претходно. Не контактираа со намера да Сери да премине во ПСЖ. Нивна цел беше само да и наштетат на Барселона“, откри Мала.