Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд вчера и официјално стана нов играч на Борусија Дортмунд.
Германскиот клуб го доведе 19 годишниот фудбалер за само 25 милиони евра и тоа изгледа како фантастичен потег затоа што Халанд во овој момент веројатно е играчот со најголем потенцијал во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На 28 натпревари постигна дури 22 гола и го привлече интересот на бројни клубови. Како еден од фаворитите за неговиот потпис покрај Јувентус се споменуваше и Манчестер Јунајтед, но на крајот на изненадување заврши во Борусија Дортмунд.
Англиските медиуми по потврдата за трансферот на Халанд објавија дека „виновник“ за тоа е Мино Раиола кој ги водел преговорите. Тој прво барал откупна клазула во договорт на Халан од 50 милиони евра, потоа побарал и провизија за неговиот татко и тие побарувања биле одбиени од Јунајтед.
Дортмунд на крајот му плати на Салзбург 25 милиони евра, 15 милиони евра доби Мино Раиола, додека десет отишле на сметка на таткото на фудбалерот. Германскиот клуб така за Норвежанецот потроши 50 милиони евра. Се уште не е познато дали во Дортмунд го прифатиле наводниот услов за клазулата во договорот.