Дома Останати Еве ги групите за 45-то издание на ракометниот турнир „Струга 2017“

Еве ги групите за 45-то издание на ракометниот турнир „Струга 2017“

На 45. издание на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2017“ што ќе се игра од 12 до 15 август ќе настапат шест екипи, кои се поделени во две групи.

Вчера со извлекување беа одредни групите со полудиригирана ждрепка, а учесниците од Лигата на шампионите (Металург и Бешикташ) беа одредени за носители.

Групата А ја сочинуваат: Охрид, Бешикташ, Алингсас, додека во групата Б се: Металург, Струга, Шатр.

Победниците од групите ќе играат во финалето, а од лани победничкиот пехар ќе го брани француската екипа Шатр.

Натпреварите ќе се играат на теренот на „Женска плажа“ во Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…