Aргентинскиот играч за врска Евер Банега денес одржа прес-конференција на која се прости од Севиља.
Од клубот заминува после пет сезони и како слободен играч ќе го засили саудискиот Шабаб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На прес-конференцијата на која Банега се простуваше се појави претседатело Хозе Кастро, спортскиот директор Мончи, потпретседатело Хозе Марија дел Нидо Караско и тренерот Јулиен Лопетеги.
Откако им се заблагодари на навивачите Банега кажа колку многу му значи епизодата во Севиља.
„Никогаш нема да го заборавам освојувањето на Лигата на Европа. Имаше убави и помалку убави моменти, но сите тие ме научија дека откажувањето е забрането. Давав се од себе на секој натпревар. Им благодарам на сопругата и децата кои ме следаеа на овој пат. Без нив се што остварив не би било можно“, низ солзи порача Банега.