Јувентус е подготвен во текот на летото да направи одредени промени во тимот.
Екипата на Макс Алегри сосема сигурно ќе биде засилена, а дури двајца фудбалери на Рома кариерата би можеле да ја продолжат во гигантот од Торино. Италијанските медиуми тврдат дека „Старата дама“ е подготвена во своите редови да го доведе младиот играч за врска Николо Заниоло и грчкиот дефанзивец Костас Манолас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Заниоло е навивач на Јувентус. Не крие дека некогаш би сакал да заигра за „Бјанконерите“, а тоа би можело да е случи за многу кратко време, бидејќи Јувентус подготви понуда од 30 милиони евра за него. Сепак, управата на „Волчицата“ бара малку повеќе пари. Подготвени се Занило да го пуштат за 10 милиони повеќе и ќе биде интересно да се види дали талентираниот играч за врска ќе го исполни неговиот сон еден ден да заигра за Јувентус.
По неговиот пат би можел да оди и грчкиот дефанзивец Костас Манолас. Одличниот 28-годишен фудбалер претходно се поврзуваше со многу гиганти и изгледа дека дојде време да си оди. Дека до трансфер може да дојде говори и фактот дека грчкиот фудбалер го застапува Мино Раиола, агентот кој е многу близок со Јувентус и дуото на Рома би можело да го засили големиот ривал.
За сега прашањето е само цената. Двајцата фудбалери би можеле да го чинат Јувентус 80 милиони евра, што е сосема добра сума, бидејќи станува збор за две квалитетни засилувања.