Култниот стадион „Велодром“ вчера ги пречека големите ѕвезди на светскиот фудбал, но дел од хуманитарниот меч беа ѕвезди од други спортови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во хуманитарниот натпревар играа легендите на Марсеј и екипата на УНИЦЕФ која од клупата ја водеше Арсен Венгер. На крајот легендите славеа со 7:4.
Главниот збор на натпреварот го имаше славниот Дидиер Дргоба кој постигна хет-трик и секако не можеше да не прослави со неговото лизгање на колена што со години беше негов препознатлив знак.
Убав гол постигна Бено Шерју, а помеѓу стрелците беа уште Роберт Пирес, Газика Мендиета, Фабрицио Раванели, Луис Саха…