ФК Работнички се вклучи во акцијата на Европската асоцијација на клубови (ЕКА) за собирање на финансиски средства за помош на погодените подрачја во катастрофалните земјотреси во Турција и во Сирија.
Клубовите членки на ЕКА на ауција ќе дадат дресови од повеќе од 200 фудбалери, а собраните средства ќе бидат донирани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ЕКА за овој проект има соработка со MatchWornShirt (MWS) и ауцијата ќе биде спроведена онлајн на следниот сајт www.matchwornshirt.com/eca, од 3 јуни (14.00 CET) до 17 јуни (14.00 CET).
ФК Работнички за оваа акција на ЕКА го донираше дресот на капитенот Крсте Велкоски и за него ќе може да се наддава на следниот линк