Уапсен е бразилскиот фудбалер Даглас Переира (32) објави бразилскиот „Глобо Еспорте“. Бразилските медиуми пренесуваат дека поранешниот фудбалер на Барселона бил уапсен откако на 21-ви мај пукал во воздух во град Бразилија по расправија на брод на езерото Параноа.
Бродот фудбалерот го напуштил бесен откако се расправал со неколкумина други лица. Оружјето исто така го поседувал неовластено, а откако обезбедувањето го замолило да замине, тој влегол во жестока расправија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Полицијата го уапсила Переира, меѓутоа пиштолот не го пронашла. Два дена подоцна тој бил ослободен и сега гочека судење поради илегално поседување на оружје и пукање од него.
Барселона во 2014 година го доведе Переира од Сао Паоло, но од 2014 до 2019 година забележа само осум настапи за каталонскиот клуб. Каталонците го испраќаа на позајмици во Спортинг Хихон, Бенфика и Сиваспор.
Бешикташ го доведе како слободен играч во 2019 година и за турскиот состав одигра само седум натпревари во три години. По заминувањето од Бешикташ тој е без клуб.