По победата на Белгија над Романија, се случи ситуација каква што досега не сме виделе во историјата на европските првенства по два одиграни натпревари во групата.
Освен што сите се израмнети, сите имаат шанса да напредуваат, голема е веројатноста дека ќе имаме три селекции од оваа група кои ќе одат во нокаут фазата, а само една ќе отпадне. Во најтешка ситуација е Украина која мора да оди на победа против Белгија бидејќи во спротивно ќе зависи како ќе заврши дуелот помеѓу Романија и Словачка. Ќе потсетиме, место во осминафиналето обезбедуваат најдобрите четири третопласирани репрезентации од групите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дуелите од последното коло во групата „Е“ се играат во среда со почеток од 18 часот.
Покрај оваа група неизвесност има и во останатите бидејќи само три селекции досега (Германија, Шпанија и Португалија) го обезбедија местото во осминафиналето. Единствена репрезентација која е елиминирана е Полска.
3⃣ – For the first time at the EUROs, all 4⃣ teams in a single group are on equal points after two matches
— Gracenote Live (@GracenoteLive) June 22, 2024
3 points – Romania🇷🇴
3 points – Belgium🇧🇪
3 points – Slovakia🇸🇰
3 points – Ukraine🇺🇦#BELROU #EURO2024