Дома Фудбал Драма: Гудељ повторно колабираше на терен🎥

Драма: Гудељ повторно колабираше на терен🎥

Српскиот фудбалер и член на Кордоба Драгиша Гудељ повторно колабираше на теренот за време на натпревар од Третата шпанска лига.

Драгиша кој во март преживеа срцев удар, повторно колабираше на теренот.

За среќа веднаш стана, но на видеото добро се гледа дека Гудељ изгледа изгубено и дезориентирано откако самиот станува од земјата.

Шпанските медиуми информират дека Драгиша многу подобро го минал овој срцев застој поради дефибрилаторот кој му бил вграден пред осум месеци, но по новиот шок, можно е да му биде забрането да се занимава со спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …